Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани, Република Македонија     e-mail: info@kocani.gov.mk                Copyright © Opstina Kochani 2010, All rights reserved
English

              





 

      



Ја поздравуваме одлуката на Министерството, Кочани да биде град на културата за 2012 г.
Манифестацијата е голем предизвик, но во исто време и обврска и голема одговорност за нашата општина. Ова е потврда дека Кочани со своите традиционални културни манифестации - Денови на кочанскиот ориз, Драмскиот аматерски фестивал, Петровденските конаци... има добра основа да биде град на културата.
Покрај овие традиционални содржини, манифестацијата ќе донесе концерт на Македонската филхармонија, шансони со Костадинка Велкова, нов музички проект на Неат Велиов и други видни македонски и меѓународни културни имиња и настани.
Очекуваме содржините од "Град на културата" да го подигнат на повисоко ниво културниот живот во нашиот град и да донесат публика од сите делови на нашата држава.
Градоначалник Ратко Димитровски

ОПШТИНА КОЧАНИ

Билтенот на Општина Кочани се објавува дневно. Можете да го преземете овде.