Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Министерот Ахмедовски – во увид на градежните активности во Ромското Маало во Кочани
Министерот без ресор задолжен за имплеметација на Стратегијата за ромски прашања, Аксел Ахмедовски вчера го посети Кочани, со цел да се запознае со тековните инфраструктурни активности што се финансираат со средства од ова министерство.

Со претставници од Општина Кочани и од ромската заедница, Ахмедовски изврши увид во градежните работи на улицата „Стамен Манов“ каде се работи на асфалтирање на два крака, се градат два потпорни ѕида и еден крак од улицата е бетониран.

Во овој дел на Кочани со средства од Министерството ќе се гради и улицата „Блаже Поп Арсов“, потоа крак 1 – исток од „Стамен Манов“ и ќе се реконструира дел од улицата „Славчо Стоименов“.

За сите овие инфраструктурни проекти се добиени вкупно 6.300.000 денари, пари од државниот буџет.

На вчерашната средба со министерот без ресор е договорено Општина Кочани да започне со подготовка на проектна документација за уште три улици во Ромското Маало и за реконструкција на улицата „Партизанска“.
Untitled Document
Локалитети