Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Започна „Петровденскиот турнир во мал фудбал“
Со натпреварите што се одиграа на двeтe игралишта – на локацијата кај Гимназијата и на улицата „Скопска“, синоќа започна „Петровденскиот турнир во мал фудбал“.

Пред почетокот, екипите ги поздрави градоначалникот Николчо Илијев, кој ги повика учесниците на фер-плеј, дружење и уживање во спортските натпревари.

На натпреварите што се одиграа на игралиштето кај Гимназијата беа постигнати следните резултати: Такси Џокер – Пазл Штип – 1: 2, Уни паб – Антура – 5:0; Кофи хаус – Паблик Бет Делукс – 6:1; Екстра фунги – Грга Транс – 2:3; Клариса Балкан – Генекс – 3:0.

Еве ги и резултатите на натпреварите што се играа на игралиштето на „Скопска“: Мега Спорт – Спортисти – 1:4; Деликатес – Амфенол – 5:2; Шери – Олимпик – 3:0; Балкан Лукс – Филип интернационал – 1:4; Ледер – ИНТ – 6:1.

Според распоредот, вечерва на теренот кај Гимназијата ќе се сретнат: 19 ч. – Олимпик – Деликатес; 20 ч. – Амфенол – Мега спорт; 21 ч. – ФК Спортисти – Шери казино; 22 ч. – Ледер – Меџик; 23 ч. – Балкан лукс – ИНТ.

На игралиштето на „Скопска“, ќе играат: 19 ч.: Уни паб – Фабијан; 20 ч. – Екстра фунги – Антура; 21 ч. Паблик & Делукс – Клариса Балкан; 22 ч. – Пазл Штип – Кофи Хаус; 23 ч. – Генекс – Такси Џокер.
Untitled Document
Локалитети