Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Вечерва започнува „Петровденскиот турнир во мал фудбал“
Вечерва во 19 ч. со натпреварите што ќе се одиграат на две игралишта на локацијата кај Гимназијата и на улицата „Скопска“, започнува овогодишниот „Петровденски турнир во мал фудбал“.

– Годинава се соочивме со голем интерес од страна на екипите за учество во турнирот. Направивме измени во досегашната концепција, го зголемивме фондот на наградите, а вклучивме и спонзорства. Се потрудивме да ги подобриме условите за игра на теренот, но и за публиката. Одржавме состанок со вклучените во организацискиот дел за да истакнеме дека почитувањето на правилата во играта се многу важни за да помине сè во најдобар ред – соопшти градоначалникот Николчо Илијев.

Илијев истакна дека Петровденскиот турнир во мал фудбал е турнир за забава и за промоција на рекреацијата, и имајќи го предвид интересот, во иднина ќе се размислува за организација на овој настан на уште повисоко ниво.

На турнирот ќе учествуваат 22 екипи, а започнува ден подоцна поради вчерашните обилни врнежи од дожд.

Одговорното лице од Општина Кочани за организација на турнурот, Александар Зафиров, најави дека при неповолни временски услови во термините за одигрување на натпреварите, тие ќе се одложат за следниот временски поволен ден. Известувањата за измените во распоредот и сите други важни информации, како за напреварувачките екипи, така и за публиката, ќе бидат објавени на веб-страницата и на социјалните мрежи на Општина Кочани.

На локацијата кај Гимназијата вечерва ќе играат: 19 ч. – Такси Џокер – Бразил Штип; 20 ч. – Уни Паб – Антура; 21 ч. – Кофи Хаус – Паблик Бет Делукс; 22 ч. Екстра фунги – Грга Транс; 23 ч. Клариса Балкан – Генекс.

На игралиштето на „Скопска“ настапуваат: 19 ч. – Мега Спорт – Спортисти; 20 ч. – Деликатес – Амфенол; 21 ч. – Балкан Лукс – Филип Интернационал; 22 ч. – Ледер – ИНТ; 23 ч. – Шери – Олимпик.
Untitled Document
Локалитети