Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Одобрени средства за асфалт на патот од Крушка кон Полаки
Со 2 милиона денари, Бирото за регионален развој ќе ја финансира изградбата на патот од местото викано Крушка до селото Полаки.

Одлуката за доделување на овие средства на Општина Кочани веќе е објавена во „Службен весник“, а проектот се наоѓа на Листата на проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби за финансирање.

– На последната седница на Советот ние пренаменивме уште 3 милиона денари кои ни се потребни за целосна реализација на проектот, со намера таа делница да биде изградена што е можно побрзо. На овој начин, со средства од државата и со сопствени средства ќе бараме начини да одговориме што е можно повеќе на потребите на граѓаните и од руралниот дел во Кочанско – соопшти градоначалникот Николчо Илијев.

Патот ќе биде долг 770 м, широк 3 м, а со проектот се планира тампон од 30 см и асфалтен слој од 7 см
Untitled Document
Локалитети