Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Евроамбасадорот Самуел Жбогар во посета на Општина Кочани
По повод 9 Мај, Денот на Европската Унија, амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар ја посети Општина Кочани и оствари средба со градоначалникот Николчо Илијев.

– Ова е моја прва посета на Општина Кочани и можам да кажам дека имам многу добри импресии од состанокот со градоначалникот и го ценам и почитувам пристапот што го има градоначалникот, а тоа е ориентираност кон реализација на проекти во вашата општина, проекти што ќе дадат опипливи резултати. Се разбира дека во реализацијата на тие проекти градоначалникот ја има сета наша поддршка, но на овој состанок гледаме нанапред, со цел да видиме кои се потребите на вашата општина за реализација на проекти што би ја имале поддршката на Европската Унија – соопшти по средбата амбасадорот Жбогар.

На средбата, градоначалникот Илијев претстави дел од досегашните проекти во кои биле искористени средства од европските фондови, изразувајќи надеж дека соработката ќе продолжи и во наредниот период.

– Јас го информирав амбасадорот за активностите и проектите што досега Општина Кочани ги има реализирано со поддршка од ЕУ. Тие не се многу, но се значајни и ние и понатаму продолжуваме да конкурираме на секој повик за инфраструктурни проекти и ја очекуваме и понатамошната соработка и неопходна поддршка од ЕУ – рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Евроамбасадорот Жбогар ја искористи можноста на граѓаните на Кочани и на регионот да им го честита 9 Мај – Денот на Европа.
Untitled Document
Локалитети