Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Холанскиот амбасадор во посета на Општина Кочани
Амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп ја посети Општина Кочани.

На средбата со градоначалникот Николчо Илијев беше изразено обостраното задоволство од проширувањето на холандската инвестиција „Антура“ со нов, втор деловен објект.

Амбасадорот Пломп ја потенцираше досегашната успешна соработка на стопански план која резултира со пет холандски фирми на кочанско тло.

Градоначалникот Илијев изрази надеж дека соработката ќе продолжи и ќе се унапредува со инвестиции како во земјоделството, така и во планинскиот и бањскиот туризам.
Untitled Document
Локалитети