Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Тенисерката Колева ја доби општинската стипендија за спортска надеж
Даниела Колева, членка на Тенискиот клуб „Акватен“ од Кочани ја доби стипендијата за спортист-спортска надеж на општина Кочани за учество и остварени спортски резултати на национални и меѓународни спортски натпревари во 2017 година во дисциплината тенис.

Минатата година Колева се натпреваруваше на сите турнири организирани од Македонската тениска федерација во категориите од 16 и 18 години, како и за сениорки, и на завршните ранг-листи на МТФ е меѓу првите десет во сите категории. Колева успешно го претставуваше Тенискиот клуб „Акватен“ и на пет меѓународни ITF- турнири за јуниорки до 18 години и на два од нив оствари победи во првиот круг од турнирите.

Стипендијата чиј износ е 3 илјади денари ќе се доделува шест месеци во тековнава година, почнувајќи од април па до септември.

Парите за стипендијата за спортист-спортска надеж се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.
Untitled Document
Локалитети