Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Градоначалникот на Кочани ја потпиша Европската повелба за еднаквост на жените и мажите на локално ниво
Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, денеска ја потпиша Европската повелба за рамноправност на жените и на мажите во локалниот живот, со што Општина Кочани се обврзува да ги имплементира нејзините одредби.

- Еднаквоста на жените и мажите е основно право и суштинска вредност на секоја демократија. Потпишувањето на Европската повелба значи дека се залагаме за вистински еднакво општество.

Со потпишувањето на оваа Повелба ние, како локална власт покажуваме дека можеме и мораме да одиграме позитивна улога во промовирањето еднаквост на практични начини, кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните – изјави градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Секој потписник на оваа Повелба, развива, усвојува, а потоа и применува акциски план за рамноправност.

Кочани е 15-тата општина во Република Македонија, потписничка на оваа Повелба, која се обврзува да го почитува принципот на родова еднаквост и да преземе неопходни мерки за да постигне вистинска еднаквост во пракса, како клуч за економски и социјален успех.

Потпишувањето на Повелбата е со поддршка од ЗЕЛС и од Проектот за промоција на родово одговорни политики и буџети што се реализира во Општина Кочани преку Канцеларијата на UN Women во Македонија.
Untitled Document
Локалитети