Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Градоначалникот Илијев по стоте дена: Продолжуваме со одговорно, транспарентно и законито работење
Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, изминативе сто дена од преземањето на одговорната функција ги оцени како период полн со предизвици и големо залагање за подобрување на затекнатите состојби во Општината и во локалната средина.

– Се определивме за одговорност и законито работење; за почитување на принципот на транспарентност. Tака по прашања за кои досега се одлучувало во четири очи, сега дебатира и решава Советот. Се определивме да работиме партиципативно – да ја вклучиме јавноста во решавање на прашања од интерес на заедницата. Да работиме отчетно: граѓаните да знаат што сработила Општината и каде се трошат нивните пари – вели Илијев.

Градоначалникот посочи дека во првите сто дена започнаа да се решаваат проблемите со сообраќајот, за што како долгорочно решение се проектира катна гаража во Градската четврт 6. Во тек е отстранувањето на жариштата на нехигиена и на подобрување на јавната чистота, но и на креирање проекти за настап по повици од програмите на Европската унија.

– Изминатиов период имавме интензивна домашна и меѓународна соработка. Целта е да ги подобриме состојбите во културата, социјалата, здравството, во патната инфраструктура и да ги продолжиме започнатите капитални проекти. Очекуваме финансиска поддршка од Владата за проектот за изградба на нова детска градинка во населбата Драчевик и за одобрување средства за почнување градбата на браната Речани – додава Илијев.

И покрај наследените непријатни финасиски околности, долгови по различни основи, нерационално, прекумерно трошење на крајот на претходниот мандат, градоначалникот на Кочани е уверен дека со чесно и одговорно работење, ќе дојдат добри резулати од интерес на заедницата.
Untitled Document
Локалитети