Почнувајќи од 17 март 2015 година, патните премини на железничката пруга Велес-Кочани, кај Ветеринарната станица и кај Основниот суд во Кочани, кои се вкрстуваат во ниво со регионалниот пат Р1309 и улица, повторно ќе бидат поседнати со железнички работник – чувар на патен премин.

Чуварот на патниот премин ќе ракува со механичките браници и ќе го обезбедува сообраќајот со спуштање на браниците во периодот кога сообраќаат возовите за превоз на патници на железничката пруга Велес-Кочани.

Во периодот кога патниот премин нема да биде поседнат со железнички работник, браниците ќе бидат кренати.

Доколку исклучително сообраќа воз на железничката пруга Велес-Кочани, возниот персонал ќе застане пред патниот премин и ќе врши физичко обезбедување на патниот премин, по што возењето ќе продолжи.

Учесниците во патниот сообраќај потребно е да ги почитуваат пропишаните законски норми и сообраќајни знаци.

ЈП Македонски железници – инфраструктура