Во организација на Здружението на граѓани Афористичка репрезентација на Македонија (АРМ), во Кочани се одржа Третата вечер на македонскиот афоризам.

Со свои афоризми настапија познати афористичари од повеќе градови од Македонија: Миле Ѓорѓијоски, Јане Атанасов, Ристо Филчевски, Ацо Ѓорѓиев, Димитар Илиев-Вилазорски, Мичо Атанасиу, Марјан Ангеловски и др.

Годинава беа доделени награди за најуспешните афоризми кои пристигнаа на конкурсот на тема „Лага,шега…“.

Жирито во состав Јане Атанасов, афористичар од Кочани, Доне Донев професор по литература од Кочани и Ристо Филчевски, афористичар од Струмица, ги награди со прва, втора и трета награда: Витомир Долински од Струга, Ѓорги Хаџивасков од Скопје и Васил Толевски од Скопје. Специјалната награда ја доби Наташа Ќурчиска од Пехчево.

Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, општините Кочани и Чешиново-Облешево, од повеќе претпријатија, институции и поединци.