Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Општина Кочани се вклучи во регионалниот проект за Промоција на родово одговорни политики на UN Women
Општина Кочани потпиша Меморандум за разбирање со што се вклучи во регионалниот проект на UN Women – „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија“ што се спроведува со финансиска поддршка од Австриската развојна агенција и Швајцарската агенција за развој и соработка во периодот од 2017 до 2018 година.

Проектот има за цел да ги зајакне општинските капацитети и механизми за имплементација на локалните и на националните стратешки документи во областа на родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање.

Со поддршката обезбедена од проектот ќе се зајакнуваат капацитетите на општинската администрација и на Советот на Општина Кочани за креирање родово одговорни политики и придонесување кон унапредувањето на родовата еднаквост. Се очекува реализација на обуки, работилници и менторска програма и изработка на локална стратегија за унапредување на родовата еднаквост, со специфични мерки и буџетски алокации за нејзино спроведување.

Компонентата од проектот „Промоција на родово одговорни политики“ што се фокусира на пилотирање на родово одговорно буџетирање на локално ниво се реализира од 2014 година во десет општини на Република Македонија. Во тековната фаза на проектот ќе се вклучат уште десет нови општини.
Untitled Document
Локалитети