тука" />
Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Јавна расправа
Врз основа на член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти , како и планови и програми од областа на животната средина (Сл.Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11) Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното И З В Е С Т У В А Њ Е Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се организира јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички план вон населено место за изградба на комплекс со основна класа на намена Г2-лесна и незгадувачка индустрија во м.в.Цацков бунар КО Тркање Општина Кочани Се известува засегнатата јавност на Општина Кочани дека
Јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички план вон населено место за изградба на комплекс со основна класа на намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија во м.в.Цацков бунар КО Тркање Општина Кочани
ќе се одржи на ден 25.9.2018 г. (вторник) со почеток во 12,00 часот, во просториите на Општина Кочани, во салата на Советот на Општина Кочани.

Извештајот за стратегиска оцена е ставен на јавен увид на засегнатата јавност на веб страната на Општина Кочани www.kocani.gov.mk, во периодот од 30.08.2018 год. до 30.09.2018 год., а може да се разгледа и во просториите на Општина Кочани во одделението за урбанизам и заштита на животна средина , на ул. Раде Кратовче бр. 1, секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот.

Општина Кочани ја информира засегнатата јавност дека во текот на 30 дена , од денот на објавувањето на споменатите документи, може да доставува мислења по истите, по електронски пат на маил адреса info@kocani.gov.mk, по пошта , или преку архивата на Општина Кочани.



Линк до нацрт извештај за стратегиска оцена на влијанија за урбанистички план вон населено место м.в. Цацков Бунар КО Тркање тука
Untitled Document
Локалитети