Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
ТЕРЕСТИЧКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести,препораките на Владата на Република Македонија и Министерството за здравство на РМ за спроведување на превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка, Општина Кочани го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните,пчеларите и институциите на Кочани дека на ден 10.08.2018 година ( ноќните часови четврток спроти петок ). екипа на Центарот за јавно здравје Скопје ќе спроведува превентивно терестичко (од земја) дезинсекционо третирање за заштита од комарците. Дезинсекционото третирање ќе се врши во периодот после 22.00 часот. Во оваа трета фаза со дезинсекцијата ќе бидат опфатени 300 хектари на следните локации: Градското подрачје на град Кочани , селата: Тркање, Мојанци,Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и населбата Оризари
ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ПРЕТСТОЈНАТА ТРЕТА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНА ТЕРЕСТИЧКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Третирањето ќе се изведува со препаратот АЉУА К-ОТХРИНЕ со активна супстанца ДЕЛТАМЕТРИН - широко појасен инсектицид за третирање на комарци одобрен од Бирото за лекови.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар,дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Untitled Document
Локалитети