Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Јавен конкурс за финансиска поддршка на литературни дела од роднокрајни автори
Согласно Програмата за култура на Општина Кочани за 2018 година (Службен гласник на Општина Кочани бр.14/2017), Општина Кочани објавува
Јавен конкурс за финансиска поддршка на литературни дела од роднокрајни автори
1. Предмет и вид на јавниот конкурс:

Општина Кочани распишува јавен конкурс за пријавување на авторски дела од видот: научно истражувачко дело и дело од уметничка литература, кои ќе бидат разгледани од стручна комисија формирана од Градоначалникот. Целта на овој конкурс е обезбедување на поддршка за печатење на избраните најдобри дела од наведените видови на трудови, во јавна и транспарентна постапка, со што би се овозможило поддршка на авторите на избраните дела за остварување на нивната крајна цел, односно створеното дело да се реализира во печатено издание, а со тоа ќе се создадат услови за обезбедување на локална и меѓународна промоција на печатеното издание, неговиот автор и Општината.



2. Право на учество:

Право на учество имаат сите заинтересирани автори на наведените видови дела.

Право на учество имаат автори кои се жители на општина Кочани или поединци кои се родени и живееле во Кочани.



3. Рок и начин на поднесување на пријава и услови за учество:



3.1. Начин на поднесување на пријава и услови за учество: За да може да конкурира на Јавниот конкурс, заинтересираното лице треба да поднесе:

1) Пријава по Јавен конкурс за избор на авторско научно истражувачко дело/дело од уметничка литература (со генерални податоци: име и презиме, адреса на живеење, ЕМБГ, тел.за контакт, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и сл),

2) Изјава за согласност за користење на лични податоци;

3) Изјава за согласност, лично потпишана од авторот на делот, дека се согласува со условите од јавниот конкурс;

4) Спецификација за делото: тираж во кој авторот планира да биде печатено делото, корица во боја или црно-бела, илустрации, број на страни и сл. со заокружена сума на чинење по проценка на авторот;

5) Биографија со осврт на досегашната дејност во литертурата и издадени дела;

6) Рецензија за делото, оние кои конкурираат за прва објава потребно е да достават 2 рецензии од двајца различни автори;

7) Копија од материјалот (делото) ;

8) Краток опис на делото: што содржи, колкав број (раскази, песни и сл), која е целта, кои ќе бидат придобивките на заедницата и сл.



3.1.1. Посебни критериуми:

Предност при изборот ќе имаат:

 Значајни уметнички-научно истражувачки дела;

 Жанрови кои се поретко застапени во литературата на кочанските автори, на пример драми, романи, научни истражувања од области кои се значајни за заедницата;

 Дела значајни за општината, пред се монографии и друг вид на истражувачки дела кои би биле поткрепа за идни проекти или дополнителни истражувања важни за самата заедница;

 Дела на млади кочански роднокрајни автори до 25 години кои покажале квалитет во работата, биле наградувани;

 родовата и генерациската различност на авторите;



3.2. Рок на пријавување: Јавниот конкурс трае од 02.07.2018 до 10.07.2018 година до 15.00 часот.

Заинтересираните лица до крајниот рок за пријавување можат да поднесат пријави во Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани, ул.„Раде Кратовче“ бр.1 со назнака: „Пријава по јавен конкурс за финансиска поддршка на литературни дела од роднокрајни автори “.

Во постапка на разгледување од страна на стручната комисијата ќе бидат земени во предвид и ќе бидат разгледани делата кои се доставени согласно претходно објавениот повик на Општината за аплицирање на активности, проекти и др. за подготвување на Програмата за култура за 2018 година.
Untitled Document
Локалитети