Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Настани
Недела на детето во Кочани
По повод Неделата на детето, Општина Кочани преку Програма за поддршка на образованието организира „Писателски караван“ – разговор на учениците од литературните секции со писателите за деца Горјан Петревски и Ванчо Полазаревски.

Средбите се по следниот редослед: четврток, 4 октомври 2018 г., од 12 ч. во ОУ „Св.Кирил и Методиј“; од 13 часот во ОУ „Никола Карев“; в петок, на 5 октомври од 10 часот во ОУ „Крсте Мисирков“, од 12:30 ч. во ОУ „Раде Кратовче“ и од 13:30 ч. во ОУ„Малина Попиванова“.

Вториот дел од романот „Марта“ на авторот Горјан Петревски ќе биде промовиран в четврток, со почеток во 18 ч. во просториите на Библиотеката „Искра“. Промотор е проф. Јованка Денкова.

В петок, на 5 октомври во салата на Центарот за култура „Бели мугри“, со почеток во 11:30 ч. ќе биде организиран свечен прием на првоодделенците во Детската организација.
Untitled Document
Локалитети