Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Настани
Работилница на тема Креирање на визија за Осогово – идно заштитено подрачје
В четврток, 13 септември 2018 година, со почеток во 10:30 ч. во Туристичкиот инфоцентар „Пониква“, Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), организира работилница на тема „Креирање на визија за Осогово – идно заштитено подрачје“.

Целта на работилницата е да се информира локалното населние и засегнатите страни за активностите поврзани со процесот за прогласување на Осогово како идно заштитено подрачје и потребата од креирање на заедничка визија на локалното население за Осоговскиот регион.

Програмата за зачувување на природата во Македонија, има за цел да го подобри статусот на природните вредности во Брегалничкиот регион преку воспоставување на заштитени подрачја кои покрај зачувување на природните вредности во регионот, ќе придонесат и кон отворање на дополнителни можности за развој и подобрување на социоекономската состојба на локалното население.

Работилницата се организира од Македонското еколошко друштво и Центарот за развој на Источниот плански регион, а ќе учествуваат претставници од месното население и граѓанскиот сектор.
Untitled Document
Локалитети