Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Настани
На 10 август – прскање против комарци во Кочанско
На 10 спроти 11 август 2018 г. по 22 часот ќе се спроведе третото терестичко (од земја) прскање за заштита од комарци.

Со оваа дезинсекција ќе биде опфатена површина од 300 хектари на следните локации: градското подрачје на Кочани и селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

За третманот против комарците ќе се користи препаратот аква к-отрин, со активна супстанција делтаметрин, широкопојасен инсектицид за третирање комарци одобрен од Бирото за лекови.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

Прскањето ќе го врши екипа од Центарот за јавно здравје – Скопје.

Во случај на неповолни временски услови (дожд и ветар) дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен ден.
Untitled Document
Локалитети