Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Настани
Духовна академија по повод Петровден – среда, 11 јули, 19 ч.
В среда, на 11 јули 2018 г. во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани со почеток во 19 ч. ќе се одржи Духовна академија по повод патрониот празник на Кочани, Петровден.

Во првиот дел од Академијата ќе настапат црковните хорови „Св. Лидија Македонска“ при Лесновскиот манастир заедно со „Св. Климен Охридски“ при црковниот храм „Св. Климент Охридски“ од Штип и женскиот црковен хор од Скопје кој го негува византиското пеење.

Специјални гости во вториот дел од програмата ќе бидат Марјан Јанкоски и неговата група „Портал“. Тие ќе се претстават со композиции од својот богат музички репертоар.
Untitled Document
Локалитети