Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Настани
Концерт на Fighting Windmills во Кочани – вторник, 10 јули 2018 г.
Скопскиот состав Fighting Windmills на 10 јули во 22 ч. ќе оддржи концерт на отворено во Паркот на Револуцијата во Кочани. Групата доаѓа во промоција на нивниот нов, петти албум "An Exercise in Surprise" издаден годинава за издавачката етикета „Шарла“.



Fighting Windmills е музички колектив составен од пет високо образoвани музичари собрани околу овој проект во 2007 година од кога имаат реализирано пет албумски изданија. Се работи за состав кој за цело време инвестира во истражување нови музички територии внимателно градејќи го својот автентичен став и израз. Стилски и жанровски се ослободени од какви било јасни одредници, иако можат да се препознаат разни влијанија од пост-рок, слободен џез, пост-панк и современата класична музика или одредени фолклорни и современи амбиетални варијации.

На новиот албум „An Exercise in Surprise“, Fighting Windmills покрај веќе востановените насоки флертуваат и со елементи на современиот скандинавски џез, диско-панк и теми од соло-делниците на Чарли Паркер. Генералниот концепт и насловот на албумот се инспирирани од албум на легендарниот квинтет на Кен Вандермарк.

Fighting Windmills во моментов настапуваат во состав: Филип Букршлиев (гитара), Никола Гугоски (гитара), Дени Омерагиќ (бас), Нинослав Спировски (кларинет) и Антоние Весковски (тапани).

Настанот го организираат Општина Кочани и Центарот за култура „Бели мугри“ и е дел од манифестацијата „Петровденски конаци“.
Untitled Document
Локалитети