Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Настани
На 14 јуни – прскање против комарци во Кочанско
Во ноќните часови на 13 спроти 14 јуни 2018 г. ќе се спроведе првото терестичко (од земја) прскање за заштита од комарци.

Со оваа дезинсекција ќе биде опфатена површина од 300 хектари на следните локации: градското подрачје на Кочани, селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

За третманот против комарците ќе се користи препаратот аква к-отрин, со активна супстанција делтаметрин, широкопојасен инсектицид за третирање комарци одобрен од Бирото за лекови.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

Прскањето ќе го врши екипа од Центарот за јавно здравје – Скопје.
Untitled Document
Локалитети