Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Настани
Кочани ќе го одбележи 9 Мај, Денот на Европската Унија
Општина Кочани и ЕУ-инфо точката и годинава ќе го одбележат 9 Мај, Денот на Европската Унија.

Централниот настан ќе се одржи на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“, каде ученици од основните и средните училишта ќе претстават седум земји членки на Европската Унија: Холандија, Германија, Чешка, Бугарија, Ирска, Полска и Финска.

Во програмата, со свои обраќања за значењето на празникот ќе се вклучат и евроамбасадорот во Република Македонија, Самуел Жбогар и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, кои претходно ќе имаат и официјална средба во Општината.

Во културно-уметничкиот дел на програмата ќе настапат хорот на ОУ „Свети Кирил и Методиј“, училишни ритмички состави, а ќе настапи и популарната рок-група „Шекспир“.

Дел од програмата ќе биде и ликовниот перформанс во кој се вклучени членовите на Училиштето за цртање и сликање под менторство на м-р Александра Димитрова, кои ќе сликаат мотиви од земји членки на ЕУ.

Програмата ќе започне во 12:30 ч.
Untitled Document
Локалитети