Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Настани
Вечер на женски права во Кочани
В петок, 13 април 2018 г., со почеток во 19 ч. во Центарот за култура „Бели мугри“ - Кочани, Општина Кочани преку проектот Промоција на родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање на UN Women, организира „Вечер на женски права“.

Публиката ќе може да ја види проекцијата на филмот „Ада за градоначалничка“, по што е планирана панел-дискусија на тема жената во политиката.

На панелот ќе говорат Соња Стаменкова - градоначалничка на Општина Македонска Каменица, Татјана Лазарова Осоговска - претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите - Кочани и Кристина Хаџи-Василева - магистерка по родови студии.

Влезот е слободен.
Untitled Document
Локалитети