Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Настани
Се подготвува осмата редовна седница на Советот на Општина Кочани – заседаваат комисиите
Во рамките на подготовките на осмата седница на Советот на Општина Кочани, закажана за в четврток, 15 март од 9 ч., денеска и утре ќе работат комисиите при Советот.

Комисијата за комунални работи, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата ќе се одржи денеска со почеток во 10 ч.

Седницата на Комисијата за земјоделство ќе започне во 15:30 ч.

Комисијата за здравство и социјална заштита ќе заседава од 13 ч.

Комисијата за финансии, буџет и локален економски развој ќе се одржи во 13:45 ч.

Комисијата за култура, образование, спорт и права на децата ќе се одржи во 14:45 ч.

Комисијата за можности на жените и мажите ќе се одржи в среда, 14 март со почеток во 10 ч.

На осмата седница, Советот ќе работи по следниот предлог-дневен ред:

1. Разгледување на завршните сметки на општинските основни и средни училишта за 2017 година, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани и ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, за 2017 година;

2. Завршна сметка на Буџетот на Општина Кочани за 2017 година;

3. Годишен извештај на Општина Кочани за 2017 година;

4. Предлог- одлука за висината на девизен и денарски благајничкиот максимум за 2018 година;

5. Извештај за реализација на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило, набавка, поставување и одржување на урбаната опрема, одржување на детските игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“ во 2017 година;

6. Извештај за реализација на Програмата за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2017 година.

7. Извештај за реализација на Програмата за јавна чистота во општина Кочани за 2017 година;

8. Извештај за реализација на Програмата за одржување на атмосферската канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2017 година;

9. Извештај за реализација на Програмата за други комунални услуги, третман на кучиња скитници и други нерегистрирани кучиња во 2017 година;

10. Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани во 2017 година;

11. Завршна сметка на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2017 година;

12. План за вработување во КЈП „Водовод“ – Кочани за 2019 година;

13. Годишен план за вработување во Општина Кочани за 2019 година;

14. Годишен план за вработување на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2019 година; 15. План за наводнување во земјоделството на подрачјето на општина Кочани за 2018 година;

16. Информација за начинот на користење на државното земјоделско земјиште на подрачјето на општина Кочани;

17. Предлог-одлука за давање на трајно користење без надомест на движни ствари, сопственост на општина Кочани;

18. Предлог-одлука за определување надомест на трошоците за избори на учесниците на изборната кампања од чии листи на кандидати се избрани членови на Советот на Општина Кочани и за Градоначалник на Општината Кочани на локалните избори одржани во 2017 година;

19. Предлог-програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2018 година;

20. Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација, и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2017 година;

21. Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2017 година;

22. Извештај за реализација на Програмата за комуникација на Општина Кочани за 2017 година;

23. Извештаи за работењето на комуналните редари во општинската администрација на Општина Кочани за 2017 година;

24. Извештаи за работењето на овластените инспектори на општина Кочани во 2017 година;

25. Извештај за реализација на Програмата за култура на Општина Кочани за 2017 година;

26. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани од областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2017 година;

27. Извештај за реализација на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2017 година;

28. Извештај за реализација на Програмата за спорт на Општина Кочани во 2017 година; 29. Извештај за реализација на Програмата за поддршка на образованието во Општина Кочани во 2017 година;

30. Правилник за начинот и условите за одобрување финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители на општина Кочани за остварување право на помош за анализи и лабораториски услуги за рано откривање болести.
Untitled Document
Локалитети