Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Настани
В петок, 23 февруари – 7 седница на Советот на Општина Кочани
Врз основа на членот 33, став 1, алинеја 1 од Деловникот на Советот на oпштина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/06 и 2/012), претседателот на Советот на Општина Кочани, Томе Солевски, за в петок, 23 февруари 2018 година во 10 часот ја свикува седмата седница, со следниот предлог-дневен ред:

1. Извештаи за успехот и работењето на општинските основни и средни училишта за првото полугодие од учебната 2017/18 година;

2. Предлог-одлука за давање на трајно користење без надомест на движни ствари, сопственост на општина Кочани;

3. Давање мислење на програмите за екскурзии на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани, ОУ „Св. Кирил и Методиј“, ОУ „Раде Кратовче“ и ОУ„Крсте Петков Мисирков“ с. Оризари – Кочани;

4. Предлог-заклучок за техничка корекција на Буџетот на Општина Кочани за 2018 година;

5. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2018 година;

6. Информација за санитарно-хигиенската и за техничката состојба на предучилишните и училишни установи и на ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ во 2017 година;

7. План за наводнување во земјоделството на подрачјето на општина Кочани за 2018 година;

8. Информација за малолетничката деликвенција на подрачјето на општина Кочани (наркоманија, алкохолизам);

9. Извештај за реализација на програмите за работа на општинските спортски сојузи: Општински фудбалски сојуз и Сојуз на училишни спортови во 2017 година;

10. Информација за субвенциите во земјоделството на подрачјето на општина Кочани за 2017 година и за Програмата за субвенции за 2018 година;

11. Извештај за работењето на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2017 година и Програма за работа за 2018 година;

12. Давање согласност на Статутот на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани;

13. Информација за аплицираните и за реализираните проекти од Општина Кочани во периодот јануари – декември 2017 година до разни институции;

14. Предлог-план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на Општина Кочани за 2018 година;

15. Предлог-одлука за избор на најповолна понуда за доделување договор за воспоставување јавно-приватно партнерство;

16. Одлука за закуп на простор на медиуми и електронски (интернет) портал и закуп на термини за емитување на различни видови програма согласно приложен медиа план;

17. Предлог-одлука за изменување на одлуката за давање на користење на Градската капела на КЈП„Водоовд“ – Кочани;

18. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за начинот на користење, давање на услуги и одржување на Градската капела во Кочани;

19. Предлог- спогодба за привремено враќање објект на користење на Општина Кочани;

20. Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење без надомест на изградена фекална и атмосферска канализациска мрежа во Кочани на КЈП „Водовод“ – Кочани;

21. Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење без надомест на изградена водоводна мрежа во општина Кочани на КЈП „Водовод“ – Кочани;

22. Информација во врска со користењето на јавниот простор за паркирање на подрачјето на град Кочани;

23. Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.15196/2, КО Кочани;

24. Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за вклопување бесправно изградени објекти изградени надвор од планскиот опфат за КП бр.1764/1, КО Нивичани;

25. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за уредување на линискиот превоз на патници на подрачјето на општина Кочани;

26. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за организирање и субвенционирање на општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Кочани;

27. Меморандум за соработка помеѓу: Фондацијата за развој локалната заедница Штип и Советот на Општина Кочани.
Untitled Document
Локалитети