Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Настани
„Прошетка низ минатото“ – изложба на творби од едукативната работилница за културното минато на Кочанско
В понеделник, 19 февруари, во 12 ч. во просториите на Библиотеката „Искра“ во Кочани ќе биде отворена изложба на творбите од едукативната работилница „Прошетка низ минатото“, што ја организира Музејската збирка од Кочани, во состав на Археолошкиот музеј на Македонија.

Целта на работилницата беше да се едуцираат младите за културното минато на Кочанско и во свои ликовни творби да го претстават онака како што тие го доживуваат.

Работилницата беше реализирана со дваесетина деца од 4 до 14 години, под менторство на м-р Александра Димитрова.
Untitled Document
Локалитети