Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Untitled Document
НАЈНОВИ ВЕСТИ
На конститутивната седница на Советот на Источниот плански регион што се одржа во Штип, за претседател на Советот на градоначалници од Регионот е избран Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани. – Сметам дека ова е само уште една дополнителна обврска и одговорност пред сите граѓани на верниот Исток. Очекувам добра соработка со колегите градоначалници и јас ќе бидам прв меѓу еднаквите кој ќе се бори за секој проект, за секоја идеја што ќе придонесе за подобар живот и подобар развој на Истокот, кој подолго време е запоставен. Веројатно ова ни е една од ретките, не сакам да кажам и последна шанса да направиме еден чекор повеќе, да се надминеме сите заедно и да направиме резултати и проекти со кои ќе успееме дел од луѓето кои останаа да ги задржиме, а да работиме и на создавање услови дел од нив кои ја напуштија оваа земја и регионот, да се вратат и да дадат придонес во развојот на државата – изјави претседателот Илијев. Советот постигна договор првите две години претседателот да биде од Општина Кочани, а во наредните две години таа функција да ја има градоначалникот на Штип.
Untitled Document
Локалитети