По повод празникот за припадниците од муслиманска вероисповед, Рамазан Бајрам, градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев упати честитка во која се вели:

„На сите верници од исламската вероисповед им го честитам големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам.

Во чест на празникот, а за поубава иднина повикувам етничката и верската различност да нè зближуваат, да градиме меѓучовечко разбирање, а толеранцијата да биде мост меѓу сите граѓани во нашата општина и држава“ – стои во честитка од градоначалникот Илијев.