По иницијатива на градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски, а во соработка со Полициската станица за безбедност во сообраќајот, Детската градинка „Павлина Велјанова“ прими стотина флуоресцентни елеци за децата од предучилишна возраст.

– Елеците ќе ги користиме при реализирање на активностите на отворено, посебно при прошетки, набљудувања, екскурзии, излети. Целта е дечињата да бидат побезбедни учесници во сообраќајот – соопшти директорката на Детската градинка, Лидија Серафимова.

– Искуството што го имаме и од другите држави и од други градови, сакаме да го примениме и овде. Со овие елечиња децата ќе бидат позабележливи за останатите учесници во сообраќајот, а тие пак ќе добијат знак дека треба да бидат повнимателни. Како донација, станува збор за ситница која има големо значење за сообраќајната едукација на најмадите – рече градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.