Делегација од градот Лесковац предводена од градоначалникот Горан Цветановиќ се сретна со градоначалникот Ратко Димитровски и со директорите на комуналните претпријатија од Кочани, Виница и Македонска Каменица. Целта е – соработка во областа на комуналната инфраструктура и преземање иксуства и добри пракси.

– Со градоначалникот на градот Лесковац ја продолжуваме дискусијата за она што нè спојува нас. Во Лесковац веќе е завршена Фабриката за преработка на отпадните води, а имаат и Регионална депонија за управување со цврстиот отпад. Нивните искуства се драгоцени за Општина Кочани и за Регионот – изјави градоначалникот Ратко Димитровски.

– Освен пријателската соработка нè врзуваат и заедничките проекти. Пред десетина дена бев делегат на Република Србија во Виена за нашата фабрика за прочистување на отпадни води како пример за добра пракса, во која Еропската Унија вложи 10,5 милиони евра за да се заврши. Истовремено имаме и регионална депонија, па со самото тоа што имаме и заеднички проблеми и заеднички решенија. Овде сме да разменуваме искуства и од други области на општественото живеење – рече Горан Цветановиќ, градоначалник на Лесковац.

Денешната средба на двете делегации е втора, по неодамнешната во Лесковац, и се очекува таа да влијае на натамошните добри пријателски релации и соработка.