„Се намалува висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани, утврдена со Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2017 година за 20 %, за објекти со намена домување и комерцијални дејности, освен за викенд куќите на Спортско-рекреативниот центар ‘Пониква’“.

Оваа одлука ја донесе Советот на Општина Кочани, на 63. редовна седница. Намалувањето на висината на надоместокот за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Кочани ќе важи до 31 август оваа година.

За да можат да го искористат намалувањето на надоместокот за уредување на градежно земјиште, инвеститорите се должни најдоцна до 30 септември 2017 година да ја достават целокупната документација за издавање одобрение за градење, по претходно доставена документација за архитектура до 31 август.