Одделението за јавни дејности, ги врши  работите што се однесуваат на:

-основање, финансирање и администрирање на основните и средните училишта  во согласност со закон;

– следење на на состојбата во областите на културата, спортот, социјална заштита, и здравството;

– следење на состојбите во делот на прашањата, проблемите и потребите на  етничките заедници и предлага мерки и активности за нивно разрешување, во рамките на надлежностите кои Општината задолжително ги извршува;

– давање мислење и анализа на  програмите, извештаите и други акти на училиштата, пред усвојувањето во Советот;

-ја следи работата на училишните одбори и постапката за избор на директори на училиштата;

– организира превоз и исхрана на учениците;

– институционална поддршка  на културните установи и  проекти;

– изготвување проекти и програми за организирање културни манифестации;

– следење на  културните манифестации во општината;

– развој на масовниот спорт и рекреативните активности;

– организирање спортски активности и манифестации;

– поддршка на спортски сојузи;

– следење на состојбата во областите на образованието (претшколско,основно и средно), културата, спортот, здравството, социјалната заштита и заштита на децата  во рамките на законските надлежности;

-следење  на прописите и давање мислење од овие  области, предлага мерки и активности што треба локалната власт да ги преземе;

– други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на Советот или Градоначалникот на Општината.