Одделението за урбанизам и заштита на животната средина, ги врши работите што се однесуваат на:

– следење на состојбата во областа на урбанизмот на подрачјето на општината и покренува иницијативи и предлози за донесување или изменување на детални урбанистички планови;

– прибирање  и стручно обработување на барањата и иницијативите од физички и правни лица за измена на детални урбанистички планови;

– подготвување на документацијата и информациите, како основа за покренување постапка за изработка, донесување или изменување на детални урбанистички планови на општината;

– урбанистичко (урбано и рурално) планирање;

– издавање на одобрение за градење објекти од локално значење утврдени со закон;

– уредување на просторот;

– следење и проучување на  прописите од областа на урбанизмот;

– следење на состојбите сврзани со работите за заштитата и унапредувањето на животната средина и природата;

-преземање и предлагање мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, цивилна и друг вид заштита и

– вршење и други работи што ќе му бидат доверени во надлежност согласно законите и други прописи, како и од страна на Советот и Градоначалникот на Општината.