Одделение за буџетска координација, ги врши работите што се однесуваат на:

– координирање на процесот за подготвување и изменување и дополнување на буџетот и стратешкиот план на општината,

– координирање на процесот на развој, воспоставување,

– вршење на спроведувањето и одржувањето на финансиското управување и  контрола,

– давање на  предлози за воспоставување/укинување на еx ante финансиска контрола со вршење на проценка на ризик и ажурирање на процедурите за работните процеси од областа на финансиското управување и контрола,

– давање на мислења по предлог актите што ги изготвуваат другите организациони единици во општината и предлог актите на други субјекти кои имаат или може да имаат финансиски импликации за буџетот на субјектот,

– изготвува план за воспоставување на финансиското управување и контрола како и методологија за спроведување на планот кои ги одобрува раководителот на субјектот,

– вршење на следење и примена на законската регулатива од областа на буџетското работење,

– вршење на подготовка на извештај за реализирани програми, проекти и договори,

– вршење на подготовка на извештај за активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола

– вршење на самопроценки на одделни процеси на системот на финансиско управување и контрола,

– вршење на  подготовка на Годишниот финансиски извештај од член (47) од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола

– други работи што ќе му бидат дадени во надлежност, согласно законите и другите прописи.