Одделението за сметководство и плаќање, ги врши работите што се однесуваат на:

спроведување на  сметководствено евидентирање за извршување на буџетот/финансискиот план и подготвувањето на годишна сметка (биланс на состојба, биланс на приходите и расходите, консолидиран биланс на капиталниот имот, биланс на задолжување и белешки/образложение кон финансиските извештаи);

– сметководствено евидентирање на основните средства на субјектот;

– евидентирање и наплата на побарувањата и евидентирање и плаќање на достасаните обврски, буџетското и финансиското известување;

– заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојба;

– изготвување на годишни, квартални и месечни финансиски планови за буџетот на субјектот и неговите органи во состави и единки корисници согласно законските прописи;

– exante сметководствена контрола на целокупната документација пред да се изврши плаќањето согласно пишаните процедури за сметководствените процеси;

– следење и примена на законската регулатива од областа на сметководственото, материјалното и финансиското работење;

секојдневно водење на благајнички работи и трезор пресметка и исплата на платите на вработените;

– други работи што ќе му бидат дадени во надлежност, согласно законите и другите.