По повод Петровден, празникот на Кочани, во храмот „Св. великомаченик Ѓорѓи“ во Кочани се одржа празнична богослужба и света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше митрополитот брегалнички, г. Иларион.

По литургијата, свештениците и верниците се упатија на Петровденска литија, пред мозаикот на светите апостоли Петар и Павле во Градскиот парк, владиката го благослови и пресече празничниот леб и одржа пригодна беседа.