По повод одбележувањето на 776. роденден на Крижевци, делегација од Општина Кочани деновиве престојува во збратимениот хрватски град.

Во рамките на прославата денеска на отворено во центарот на Крижевци има културно-уметничка програма, традиционална трка низ улиците на градот, концерт…

Посетата е уште едно потврдување на цврстите релации меѓу Крижевци и Кочани кои се одржуваат повеќе од дваесет години.