Наскоро ќе започнат градежните активности за асфалтирање улици во селата Прибачево, Мојанци, Грдовци, Долни Подлог, Горни Подлог и Тркање.

– Општина Кочани веќе го склучи договорот со изведувачот, „Коп инженеринг“ од Студеничани, по што идната седмица планираме воведување во работите – соопштија од Одделението за уредување на градежно земјиште.

Улиците се со должина од 100 до 190 метри и сите се со ширина од 3 м, со веќе изведена водоводна и фекална канализација.

За изградбата на овие улици се наменети 2 милиона 672 илјади денари од Буџетот на Општина Кочани.