КОМИСИЈА ЗА КОМУНАЛНИ РАБОТИ,ПЛАНИРАЊЕ И УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДАТА
Комисија за комунални аботи, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата ги разгледува прашањата во врска со урбанизмот, уредувањето на градежното земјиште, прашањата од работата на јавните служби, прашањата од комуналното уредување на градот и населените места и прашања од заштитата и унапредувањето на животната средина (заштита од загадување на воздухот и водата и спречување на штетната бучава) и други прашања и по нив му дава предлози и мислења на Советот.

Претседател: Сашко Стефановски

Членови на комисија:

Мите Ѓорѓиев
Валентина Андонова
Лазо Митев
Јордан Димитров

КОМИСИЈА ЗА КУЛТУРА,ОБРАЗОВАНИЕ И СПОРТ И ПРАВА НА ДЕЦАТА
Комисијата за култура, образование и спорт во рамките на правата и должностите на Општината, ги разгледува прашањата од областа на културата и по нив дава иницијативи, мислења и предлози до Советот, во врска со остварувањето на програмски дефинираните активности, развојот на установите, можностите за основање, финансирање на изградбата, опремување и одржување на установите во согласност со закон, прашањата што се однесуваат на основањето, финансирањето на изградбата, опремувањето и одржувањето на установите од областа на спортот, предучилишното воспитување, основното и средното образование, основната здравствена заштита и други прашања од областа на општествените дејности и по нив му дава мислења и предлози на Советот.
Претседател: Гордана Антова
Членови на комисија:
Сашко Стефановски
Дени Богатинов
Венко Крстевски
Татјана Лазарова Осоговска
КОМИСИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ
Комисијата за земјоделство ги разгледува прашањата од областа на земјоделството.
Претседател: Мите Ѓорѓиев
Членови на комисија:
Станка Захариева
Гордана Антова
Јордан Димитров
Дарко Стојчевски
Дени Богатинов
Венко Крстевски
Татјана Лазарова Осоговска
КОМИСИЈА ЗА ЗДРАВСТВО И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА
Комисијата за здравство и социјална заштита ги разгледува прашањата од надлежност на Општината, а кои се однесуваат на здравството и социјалната заштита и заштита на децата.
Претседател: Лазо Митев
Членови на комисија:
Томе Солевски
Емилија Серафимова
Станка Захариева
Снежана Хаџи Паунова
КОМИСИЈА ЗА СТАТУТ И ПРОПИСИ

Комисијата за статут и прописи го утврдува предлогот на Статутот на Општината, ги разгледува иницијативите и предлозите за измена и ја следи неговата примена и ги разгледува начелните прашања од статутарен карактер.

Го утврдува предлогот на Деловникот на Советот.

Поднесува предлог мислења по предлог законите кои се однесуваат на Општината.

Разгледува и други општи акти од надлежност на Советот на Општината.

Претседател: Благој Ситновски
Членови на комисија:
Томе Солевски
Дени Богатинов
Гордана Арсова
Ангел Максимов
КОМИСИЈА ЗА МАНДАТНИ ПРАШАЊА ИЗБОРИ И ИМЕНУВАЊА

Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања разгледува и подготвува предлози кои се однесуваат на мандатно имунитетните прашања.

Разгледува и подготвува предлози за избор и именување и разрешување од надлежност на Советот на општината.

Претседател: Станка Захариева
Членови на комисија:
Сашко Стефановски
Ѓорѓи Алексов
Дарко Стојчевски
Кирил Ѓеорѓиев
КОМИСИЈА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА
Комисијата за прекугранична соработка разгледува прашања и материјали поврзани со активности за регионална и прекугранична соработка на органи и институции на Општина Кочани, покренува иницијативи за остварување на регионална соработка и соработка на Општина Кочани со општини надвор од земјата и го информира Советот на Општина Кочани за тоа.
Претседател: Јордан Димитров
Членови на комисија:
Сашко Стефановски
Дени Богатинов
Емилија Серафимова
Кирил Ѓеорѓиев
КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИИ, БУЏЕТ И ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
Комисијата за финансии и буџет и локален економски развој ги следи, разгледува и анализира појавите, проблемите и прашањата во врска со финансирањето на функциите на Општината, ги разгледува нацртот и предлогот на буџетот и завршната сметка на буџетот, ги следи состојбите со остварувањето на изворните приходи на Општината и остварува увид во реализацијата на планираните расходи, разгледува прашања од областа на локалниот економски развој и предлага мерки од делокругот на нејзиното работење.
Претседател: Ѓорѓи Алексов
Членови на комисија:
Гордана Антова
Валентина Андонова
Јордан Димитров
Венко Крстевски
КОМИСИЈА ЗА СООБРАЌАЈ, ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТ И ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА
Комисијата за сообраќај, јавна безбедност и противпожарна заштита, ги разгледува прашањата од надлежност на општината, а кои се однесуваат на јавната безбедност, безбедноста во сообраќајот и противпожарната заштита.
Претседател: Дарко Стојчевски
Членови на комисија:
Благој Ситновски
Мите Ѓорѓиев
Томе Солевски
Гордана Арсова
КОМИСИЈА ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ НА ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ
Претседател: Татјана Лазарова Осоговска
Членови на комисија:
Емилија Серафимова
Валентина Андонова
Дени Богатинов
Снежана Хаџи Паунова